Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влатко Андоновски ќе си даде оставка, САД веќе планира нов селектор!
Спорт

Влатко Андоновски ќе си даде оставка, САД веќе планира нов селектор!

16/08/2023

AA

Влатко Андоновски ќе отстапи од селекторската позиција на женската фудбалска репрезентација на САД, пишуваат медиумите од преку Атлантикот.

Според „90 минути“, македонскиот фудбалски стратег до крајот на неделата ќе ја соопшти одлуката за оставка, по слабиот настап на Американките на Светското првенство.

Тие беа бранителки на пехарот од последните две мундијалски изданија, па на овој Мундијал тргнаа по досега невиденото, трета титула едноподруго, меѓутоа остварија најслаб резултат досега, отпаѓајќи уште во осминафиналето, на пенали, од Шведска (5-4), откако по 120 минути немаше голови.

Наводно, американските фудбалски власти веќе контактирале со Луис Кортес, Шпанецот кој во моментов е селектор на Украина, а од 2019 до 2021 ја предводеше (женската екипа на) Барселона, со која ја освои и Лигата на шампионите, во 2021. УЕФА тогаш го прогласи за тренер на сезоната во женскиот фудбал.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Attacking Third (@attackingthird)

Андоновски беше критикуван и во текот на Светското првенство, а по елиминацијата беше прашан за оставка, но тој одговори ставајќи ги фудбалерките во прв план.

„Мислам дека би било себично да зборувам за мене, за мојата иднина и што јас ќе правам, кога имаме 20-годишни фудбалерки кои минуваат низ тешки моменти. Сакам да сум тука за нив, јас ги закам нив сите. Тие се мои фудбалерки, мои пријатели, заедно поминавме четири години. Некои од нив првпат настапија за репрезентацијата со мене, го имаа првиот повик. Поминавме заедно време, добри моменти, тешки моменти…така што не сакам да ги гледам вака. Само на тоа мислам сега“, рече Андоновски.

Дојде на чело на репрезентацијата на САД во 2019 година, заменувајќи ја Џил Елис, која ги освои планетарните титули во 2015 и во 2019. Андоновски успеа да се закити со бронзениот медал на Олимписките игри во Токио.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy