Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАСТА СМИРУВА: Минималецот ќе се зголеми во март идната година
Економија

ВЛАСТА СМИРУВА: Минималецот ќе се зголеми во март идната година

16/09/2024

AA

Од власта потсетуваат дека идната година минималецот ќе се зголеми. 

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во телефонско јавување за Стадион изјави дека не треба да се брза и дека Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) треба да причекаат со барањето за покачување на минималната плата, кое според усвоената методологија секако ќе се случи во март наредната година.

„Поднесено е до Влада барањето да се конституира економско-социјалниот совет. Според закон минималната плата ќе се зголеми следната година во март. За да има зголемување на минималната плата претходно како што бараат синдикатите, треба да се направи смена на законот, а за тоа треба зелено светло од економскиот-социјален совет, значи најпрво треба да се формира тој совет“, вели Дурмиши.

Додава дека сите одлуки мора да се носат откако претходно ќе се слушнат барањата на сите инволвирани страни, а не само на работниците.

„Одлуките мора да се носат со консензус и мора да се слушнат барањата и на работниците и на бизнисот. Сепак компаниите се тие кои ги креираат работните места. Мора да се носат мерки кои ќе значат раст и развој на економијата и отварање на подобро платени работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните“, нагласува Дурмиши.

ССМ бара минималната плата да се зголеми на 450 евра.  Работниците во Македонија кои се на минимална плата заработуваат 367 евра месечно. Земјите од регионот имаат повисоки минимални плати. Во медиумите имаше тврдења дека дел од македонските работници примаат плати пониски од минималецот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
Македонија

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026

31/07/2026
Македонија

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026
Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

31/07/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44781
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти во Кичево

31/07/2026

Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти, по

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026 година, поддржани од зголемена комерцијална

31/07/2026

Во вториот квартал од 2026 година, меѓународните цени на суровата нафта и рафинираните производи останаа на релативно високо ниво, но

Осквернавени 14 гробови во струшко село, полицијата трага по сторителот

31/07/2026

Полицијата презема интензивни мерки за откривање на сторителот откако на гробиштата кај црквата „Св. Богородица“ во струшкото село Боровец биле

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy