
Власта не губи надеж, до последен ден ќе се бара консензус со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, смета Османи
Бујар Османи смета дека односот на ВМРО-ДПМНЕ еполитиканство во однос на уставните измени, но не губи надеж и смета дека има време да се најде консензус со опозицијата.
– Сите други партии во владата бараат алтернативни начини, а СДСМ веќе има работни групи кои ги чекаат колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Се до последниот ден ќе се трудиме да постигнеме консензус со нив.
Но, ќе разговараме и поединечно со пратениците кои се повеќе се гласни дека нема да дозволат нивното име да биде впишано во историјата како луѓе кои ја спречиле европската иднина на земјата – рече тој.
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ очекува Владата да процени кога е најдобар момент да ја пушти иницијативата за уставни имени во Собрание, но и тој се надева на дијалог со опозицијата што поскоро за да се фатат сите рокови за уставните измени.
– Би сакале во текот на летото да ги испратиме амандманите, знаете дека крајниот рок за завршување на комплетната процедура за уставни измени е крајот на ноември.
Краен рок би требало да биде летото, најдоцна во месец јули доколку сакаме да стигнеме во ноември со сите рокови – рече Маричиќ.

