Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СО РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА: Дали Македонија заостанува во однос на регионот?
Економија

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СО РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА: Дали Македонија заостанува во однос на регионот?

24/12/2023

AA

Власта и опозицијата имаат спротивставени мислења за тоа дали сите земји од регионот ја претекле Македонија и се понапредни. 

ВМРО-ДПМНЕ вели дека државите од регионот ја поминаа Македонија, а кај нас секој трет граѓанин едвај преживува. 

„Од 2017 до 2023 година, Босна и Херцеговина има 42 отсто раст на БДП по глава на жител, Србија 50 отсто, Бугарија 64 отсто,  Албанија 52 отсто, а Македонија само 20 отсто. Исто така со СДС и ДУИ Македонија доби скоро 50 отсто поголема инфлација од земјите во ЕУ. Во ЕУ инфлацијата е 4.3 отсто, во Македонија 6.6 отсто. Воедно дури и последната анкета кажува дека над 80 отсто од граѓаните сметаат дека цените уште растат. Колку донесле подобар живот покажува фактот не само што расте сиромаштијата, туку екстремната сиромаштија. Од 56.000 во 2019, годинава ќе ја завршиме со 86.400 екстремно сиромашни, додека од 360.000 умерено сиромашни сега ќе имаме скоро 600.000 граѓани. Толку од фалбите за подобар живот со СДС и ДУИ. Ова значи дека над 80.000 луѓе едвај преживуваат со помалку од 80 денари, а помалку од 150 денари има секој трет човек во државава. А колку е добар стандардот говори и тоа што држави од соседството како Хрватска и Словенија за Македонија станаа како Германија, па граѓаните масовно таму си ја бараат иднината. Со оваа власт единствено што растат се сиромаштијата, инфлацијата, криминалот и корупцијата. Никогаш не било полошо, затоа е важно да ги поразиме“,  велат од партијата.

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски вели дека економските политики на СДСМ даваат конкретен резултат, растат платите и пензиите. Вели дека СДСМ ја зголемиле просечната плата и таа денес е повисока од 630 евра.

„Нашето ветување за просечна плата го надминавме. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесувала 360 евра. Со ДПМНЕ работниците земале дури за 270 евра помала просечна плата од денеска. ДПМНЕ беше фокусирана на споменици и жални врби, СДСМ е посветена на граѓаните, на работниците. За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се важни. Затоа минималната плата во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари а во некои области во текстилната и кожарската индустрија и помала. СДСМ ја зголеми минималната плата и денеска изнесува над 20.000 денари“, рече Каевски. 

Според него, веќе не сме веќе земја со евтина работна сила туку земја која го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy