
Влаховиќ во клинч со Алегри – ќе биде казнет од клубот
Додека излегуваше од теренот, тој нешто му дофрли на шефот на стручниот штаб и тоа нема да помине без санкција.
„За жал, направи грешка и ќе биде казнет од страна на клубот. Уште не сум разговарал со него“, откри Алегри по натпреварот.
Исклучувањето на Влаховиќ ќе значи дека тој ќе остане без постигнат гол повеќе од 40 дена бидејќи последен пат беше стрелец на 25 февруари, а претстои двонеделна пауза поради репрезентативните настапи по што Србинот ќе паузира во следното коло од Серија А.