
Влаховиќ е херојот – Јувентус по 15. пат освојувач на Копа Италија (ВИДЕО)
Вечерва, „бјанконерите“ ја совладаа Аталанта со 1-0 во финалето од Копа Италија и по 15. пат во својата историја триумфираа во ова натпреварување. Херој на торинскиот клуб е репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ кој го постигна победничкиот гол, уште во четвртата минута кога одлично се снајде и ја затресе мрежата на Аталанта. На крајот, Влаховиќ беше прогласен и за играч на натпреварот.
Тимот од Бергамо ја имаше иницијативата во најголемиот дел од мечот, Јувентус свесно ѝ ја остави контролата над топката, но во 90 минути Аталанта упати само еден шут во рамките на противничкиот тим. Со тоа, „црно-сините“ пропуштија можност да го освојат првиот трофеј во Купот по пауза од 61 година.
За разлика од нив, Јувентус по шести последната деценија го крена пехарот во ова натпреварување.