Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров, еден од најистакнатите градители на современата македонска држава
Македонија

Владина делегација положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров, еден од најистакнатите градители на современата македонска држава

01/01/2024

AA

Делегација на Владата, предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Денеска, кога се навршуваат 12 години од смртта на Киро Глигоров, Владата му оддава признание на еден од врвните лидери од независноста на државата кој со своите мудри политички одлуки ги постави правците за развојот на македонската држава.

Глигоров е еден од најистакнатите градители на современото македонско општество, чувар на мирот, доследен и успешен следбеник на македонските дејци за независна и признаена држава.

Претседателот Глигоров на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата и беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

Киро Глигоров учествуваше во меѓународното признавање и афирмација на државата и ги постави темелните принципи за членство на денешна Северна Македонија во најмоќната воено безбедносна алијанса во светот НАТО и за прифаќање на државата за членка на Европската Унија.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО 20 годишник од Мала Речица се заканувал со масовно

20/02/2026
Македонија

Прва екстрадиција од ОАЕ: Флорим Лимани донесен во Македонија за

20/02/2026
Македонија

ПОПЛАКА ЗА КАЗНА ОД „СЕЈФ СИТИ“ МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ

20/02/2026
Македонија

Протест во Блатец против изградба на хидроцентрала: Граѓаните бараат зачувување

20/02/2026
Македонија

СДСМ обвини за чанта од 30.000 долари, сопругата на Ѓорѓиевски

20/02/2026
Македонија

Татко со секира нападнал син во Битола – полицијата го

20/02/2026
Македонија

СО СЕКИРА ТРГНАЛ ДА ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ СИН Приведениот 41-годишен

20/02/2026
Македонија

Македонец во Швајцарија со долг од 82.000 евра, но не

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41714
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО 20 годишник од Мала Речица се заканувал со масовно убиство инспириран од настан во

20/02/2026

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за

Прва екстрадиција од ОАЕ: Флорим Лимани донесен во Македонија за издржување затворска казна

20/02/2026

Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување

ПОПЛАКА ЗА КАЗНА ОД „СЕЈФ СИТИ“ МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ВО КОЈА БИЛО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

20/02/2026

Граѓанинот што смета дека не сторил сообраќаен прекршок, а добил налог за плаќање казна за сторен прекршок преку системот „Сејф

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy