Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДИН КАБИНЕТ:  Државна помош за компанија „полна како брод“
Економија

ВЛАДИН КАБИНЕТ: Државна помош за компанија „полна како брод“

30/10/2023

AA

Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи сака да даде државна помош за фабриката за наменско производство на муниција во Самоков на АТС Гроуп, но Комисијата за заштита на конкуренцијата донела негативен заклучок.

Оваа компанија која ја поседува фабриката АТС АММО „Сувенир“ во Самоков за минатата година беше една од македонските фирми со најголема добивка за 2022. Оствари профит од 11,8 милиони евра. Во заклучокот на Комисијата се констатира дека постојат сериозни сомневања во дозволеноста на доделувањето на помошта за фабриката од Македонски Брод.

Според она што планирал кабинетот на Битиќи, на АТС АММО требало десет години да му се враќа исплатениот дел од данокот на добивка, пет години по ред да се покрива 10 отсто од инвестициските трошоци и уште дополнителни 10 отсто парична помош од инвестициските трошоци доколку не се намалува бројот на вработени и се зголемуваат приходите.

За ваквиот „пакет“ на поволности постојат сомневања кај Комисијата заради ретроактивно важење на договорот, можно кршење на ЕУ принципи, несигурноста дека ќе се води двојно сметководство и можност парите да се одлеваат во странство, како и поради структурата на самите три мерки за поддршка. Предметот е отворен на крајот на минатата година, а заклучокот е донесен на 4 октомври годинава.

Инаку фабриката во Самоков има површина од 300.000 метри квадратни и 40.000 метри квадратни производни простории со линии за производство на муниција од мал калибар од над 120 милиони парчиња годишно. „АТС муниција“ има околу 350 вработени. Само за малокалибарска муниција и каписли, како што објавија оттаму, инвестирале околу 50 милиони евра.

Фабриката влегува во холдингот АТС Груп, чија база е во индустриската зона Визбегово, а е во сопственост на бизнисменот повратник Шефкет Демировски. АТС Груп развива стотина нови производи годишно за елитните специјални сили. Производството е според стандарди и препораки кои ги бара НАТО и САД. Финалниот производ е наменет за извоз на странските пазари пред се во Европа, Турција и Катар. 

Неодамна пуштената во употреба фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, инаку најголема во Македонија и воопшто на Балканот, со моќност од 55 мегавати, е во крајна сопственост на „АТС Гроуп“, а на настанот присуствуваше и државниот врв.

Во мај годинава министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи беа во посета на оваа компанија. Во владиното соопштение потоа објавија дека ја споделиле можноста за домашните компании да учествуваат на тендерите на НАТО за набавки, процес во кој Центарот за поддршка на компании во Министерството за одбрана бил подготвен да даде поддршка.„АТС груп“ инаку е составена од три компании, а покрај таа во Самоков, има и две во Скопје, со над 500 вработени. Тие произведуваат композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичката заштита и балистичката безбедност. 

Во јавноста сепак не избледе сеќавањето за притворањето на сопственикот Шефкет Демири само неколку месеци откако во 2019 година беше отворена фабриката во индустриската зона Визбегово. Тој беше притворен и осомничен во Белград за илегален откуп на интелектуална сопственост.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy