Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА ЗАДОВОЛНО ГИ ТРИЕ РАЦЕТЕ – на име дивиденда од Македонски Телеком ќе инкасира 13 и пол милиони евра
Економија

ВЛАДАТА ЗАДОВОЛНО ГИ ТРИЕ РАЦЕТЕ – на име дивиденда од Македонски Телеком ќе инкасира 13 и пол милиони евра

01/06/2025

AA

Покрај одлуките за промени во Бордот на директори, акционерското Собрание на Телеком донело и одлука за распределба на ланската добивка.

Имено, добивката во минатата година на износ од 38,4 милиони евра, најголемиот комуникациски оператор во земјава, ќе ја распредели за исплата на бруто дивиденда, во која, како што се нагласува во изгласаната одлука, се вклучени сите даноци кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата, согласно важечката даночна регулатива во земјава на датумот на исплатата. 

Како што е познато, Владата поседува 33.364.875 обични акции во Македонски Телеком, што претставува 34,81 отсто од вкупниот акционерски капитал. Овој пакет вклучува и една преференцијална (златна) акција со номинална вредност од 9.733 денари, која ѝ дава на Владата едно гласачко право и посебни права согласно Статутот на компанијата.

Тоа значи дека Владата ќе земе на име на бруто дивиденда од Телеком сума од 13,5 милиони евра.

Главниот акционер во Македонски Телеком е Stonebridge Communications AD Скопје, кој поседува 51 отсто од акциите, пак, како бруто дивиденда ќе добие 19,6 милиони евра. 

Останатите акции се распределени помеѓу Македонски Телеком АД, кои ги поседува компанијата во форма на сопствени акции и тоа 10 отсто, Сава пензиски фондови со 0,97 отсто, IFC со 0,76 отсто и други малцински акционери со 2,46 отсто.

Златната акција што ја поседува Владата е непренослива и ѝ овозможува посебни права, како што се правото на вето во одредени стратешки одлуки на компанијата, што ја задржува нејзината улога во корпоративното управување на Македонски Телеком.

Телеком е една од најуспешните македонски компании.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy