Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион
Македонија

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026

AA

По обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион, Владата денеска соопшти дека леталото било користено исклучиво согласно законските прописи и утврдените процедури, оценувајќи дека критиките се дел од политичка хипокризија и сензационализам.

Од владината прес-служба посочуваат дека секое користење на авионот е евидентирано и документирано, во согласност со Правилникот за условите и начинот на негово користење, како и дека е предмет на институционална контрола. Според нив, ниту една активност не била надвор од утврдените процедури и нема злоупотреба.

Во реакцијата се наведува дека опозицијата ја игнорира, како што велат, хуманитарната и државничката димензија на користењето на авионот во итни ситуации. Потсетуваат дека леталото било ставено во функција и при транспорт и координација на активности поврзани со повредените од трагичниот пожар во Кочани.

Владата дополнително посочува дека истата политичка структура која денес упатува обвинувања, во минатото го користела владиниот авион за патувања кои, според нив, биле контроверзни во јавноста, вклучително и летови до Ниш.

Од таму оценуваат дека денешните критики претставуваат „класичен пример на политичка хипокризија“, додавајќи дека остануваат посветени на законитост, отчетност и транспарентност.

– Секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола, и ние немаме што да криеме – наведуваат од Владата, истакнувајќи дека нивен приоритет се јавниот интерес и меѓународната позиција на државата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy