Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата со еден куп функционери за иселеништво и македонска дијаспора
Економија

Владата со еден куп функционери за иселеништво и македонска дијаспора

23/01/2024

AA

Владата на 9 јануари со решение го назначила Фатон Асани за национален координатор за соработка со дијаспората, како нова функција што се воведува. Асани е поранешен директор на Агенцијата за управување со одземен имот, каде во март минатата година  како кадар на СДСМ ја отстапи функцијата за да направи место за Дритон Небиу од Алијанса.

Асани ќе добива плата со коефициент од 3,3 просечни македонски плати. Секоја година со растењето на националната просечна плата, ќе расте и платата на Асани. Во меѓувреме тој беше во дилема дали да се врати кај семејството во Италија, или да превземе некоја друга функција во земјата.

На интернет страницата на Владата веќе се запишани други 13 национални координатори и заменици, а последен е Блерант Рамадани за информатика и енергетика. Таму се и имиња како Владимир Пивоваров, Роберт Алаѓозовски, Марјан Забрчанец, Нола Исмајлоска Старова, Роберт Поповски и други.

Обично овие владини активности, нешто што пред неколку години дури и не постоеја како функција или беше многу ретко, за одредена работа се даваат на кадри кои порано имале одредени силни позиции во извршната или во локалната власт, но од одредени причини биле сменети од тие места, па на овој начин им се наоѓа ангажман, но и солидна плата.

Владата има и министер без ресор задолжен за дијаспората – Џемаил Чупи, кој има свој кабинет со неколку вработени.  Под Владата како основач постои и Агенцијата за иселеништво, каде има повеќе вработени, додека директор е Слободан Близнаковски, а има и заменик-директор.

Во земјата постојат 1.240 државни органи кои добиваат пари од буџетот, но за неколку стотини никој не знае кои се и што се, иако имаат управни и надзорни одбори. Дури и во рамките на самите министерства има посебни служби, инспекторати, управи за кои ретко кој знае. Постојат и голем број државни претпријатија и посебни институции, за кои кои нема регистар, а најмногу за нив може да се прочита во годишниот национален буџет што го гласа Собранието.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на

21/02/2026
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОВ ПОСТУДЕНО И ВЕТРОВИТО На планините ќе провејува снег

21/02/2026

Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на возилата треба да се чека

21/02/2026

Од 1 до 18 февруари полицијата одзела вкупно 96 автомобили од возачи што возеле без возачка дозвола или имале забрани

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy