
ВЛАДАТА СЕ ПОФАЛИ: Странските директни инвестиции лани достигнаа 8,1 отсто од БДП
Странските директни инвестиции лани достигнаа 8,1 отсто од БДП.
Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата година, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес – конференција во Владата повикувајќи се на податоците на Народната банка. Странските директни инвестиции го надминале и рекордното ниво од 2022 година за 70 отсто.
„Поконкретно за споредба, во целиот 15-годишен период 2008-2023 година, СДИ ниту еднаш не надминаа шест проценти од БДП. На овој начин потврдуваме дека ја менуваме економската слика за државата која со години беше девастирана и покажуваме дека системот се менува и има промени и работиме на враќање на довербата во системот“, рече Димитриеска – Кочоска.
Највисок износ на СДИ во 2024, нагласи, е забележан во четвртиот квартал, кога изнесуваа скоро 400 милиони евра, односно за 73,3 отсто повеќе во споредба со претходната година.