Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ПОМАГА ВЕСНИЦИТЕ – и оваа година ќе им даде пари за печатење и дистрибуција
Економија

ВЛАДАТА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ПОМАГА ВЕСНИЦИТЕ – и оваа година ќе им даде пари за печатење и дистрибуција

02/04/2025

AA

Владата повторно
ќе ги поддржи печатените медиуми преку субвенции со кои ќе покрива дел од
трошоците за печатење и дистрибуција на весниците. Јавниот повик за поддршка за
печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2025 година е објавен на нивната
веб страна и истекува утре.

– 
Право на
учество на јавниот повик имаат печатените медиуми од општ информативен карактер
кои дневно објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста
за тековните политички, економски, социјални и културни прашања, регистрирани
на територијата на Република Северна Македонија – стои во јавниот повик. 

Како што е
нагласено печатените медиуми треба да достават документирани докази за направените трошоци за печатење и дистрибуција за
2024 година. Исто така треба
да достават потврда од УЈП за платени јавни давачки за 2024 година, потврда
од тековна состојба на субјектот од Трговски регистар и Регистарот на други
правни лица.
Меѓу другото се
бара потврда од Регистарот на
казни за сторени кривични дела на правните лица дека не e изречена забрана за
учество во постапки за јавен повик, или казна привремена или
трајна забрана за вршење на одделна дејност.

Со повикот се
бара и писмена изјава заверена кај
нотар на одговорното лице дека печатениот медиум последните три години до денот
на објавувањето на јавниот повик во континуитет се продавал на пазарот по цена
од минимум 10 денари за националните дневни весници
, минимум 10 денари за
локалните неделници и минимум 50 денари за националните неделни и месечни
печатени медиуми.

Сите детали за најновиот
оглас за субвенционирање на печатените медиуми може да се видат и на веб
страната на Владата.

Изборот на корисниците
на средствата го прави комисија за поддршка на печатени медиуми, формирана од
страна на Владата, врз основа на доставените барања и комплетната документација.

Весниците кои
сакаат да земат учество ќе мора да се регистрирани во Регистарот на издавачи на печатени медиуми
во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Сепак, во огласот
не е наведено колку средства се планираат годинава за поддршка на весниците.

– 
Висината
на одобрената поддршка ќе биде дефинирана со договор потпишан помеѓу Владата на
Република Северна Македонија и избраните корисници врз основа на Записник за
евалуација и Извештај на одобрени барања – се наведува во огласот.

Дефинирано е дека
дневните печатени медиуми кои се
издаваат на македонски јазик ќе добијат средства во висина
од 50 отсто за направените трошоци за печатење и за дистрибуција.

Дневните печатени медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во земајва ќе
добијат 70 отсто средства за направените трошоци за печатење и за
дистрибуција
. Исто
толку пари ќе следува и за неделните,
месечните и локалните печатени медиуми, во зависност од бројот на поднесените
барања.

Минатата година
за субвенции за весниците беа издвоени 10 милиони денари, или малку над 162 илјади евра.
Ова
е најниската сума на финансии планирана за поддршка на весниците. Овој тип
на субвенции почна да се применува во 2018 година, кога за истата беа
потрошени 690 илјади евра. Следната, 2019 година сумата се
зголеми на скоро 714 илјади евра, за веќе во 2020 година да
се намали на скоро 487 илјади евра. 
Во 2021 година за поддршка на
весниците беше одвоена слична сума, но 2022 има значително намалување на
средствата и тоа на 324 илјади евра.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy