Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ОБЈЕКТ ВО ВИЗБЕГОВО СО ФИРМАТА „ХЕЈ“ – нејзин сопственик е Јахоски, еве колку вреди
Економија

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ЗАКУП НА ОБЈЕКТ ВО ВИЗБЕГОВО СО ФИРМАТА „ХЕЈ“ – нејзин сопственик е Јахоски, еве колку вреди

18/09/2024

AA

Владата одлучи да го раскине долгогодишниот милионски договор за закуп на административно-деловен простор што Државната лотарија го склучи со фирмата „Хеј“ во Визбегово, за што е отворена предистрага и надлежните институции испитуваат дали има нерегуларности.

„Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно-деловен простор склучен помеѓу Хеј ДООЕЛ Скопје и aкционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија“, соопштија од Владата по завршувањето на вчерашната седница.

Како што објави Фокус, станува збор за објект со 4 ката и поткровје, лоциран на 7 километри од центарот на Скопје. Првично, друштвото „Хеј“ го купило земјиштето и објектот, а набрзо потоа склучило договор за закуп со Лотарија за 2,6 милиони евра за период од 10 години, односно за месечна кирија од околу 22.000 евра.

Моментално, сопственик на фирмата „Хеј“ е Асмир Јахоски, газда на „Пуцко Петрол“, една од водечките нафтени компании во земјава, која во значителна мера соработува и со државни органи. Тој е син на Исмаил Јахоски, актуелен пратеник на ДУИ.

Инаку, помладиот Јахоски станал сопственик на „Хеј“ лани во октомври. Претходно, компанијата била во сопственост на Армин Машовиќ, кој по промената во сопственичката структура станал управител на друштвото формирано во февруари 2023 година.

За период од неколку месеци, Машовиќ ја формирал „Хеј“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп за сума од над 2,6 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Целосна блокада на Евзони за влез во Грција – рампата

22/12/2025
Македонија

Празнична „инвазија“ на Табановце: Над 36.000 државјани на Македонија се

22/12/2025
Македонија

Згасна „ТВ Сонце“ – телевизијата престана да емитува програма

22/12/2025
Македонија

МОРА ДА ИМАМЕ ПРЕДВИДЛИВОСТ И ГАРАНЦИИ НА ПАТОТ КОН ЕУ

22/12/2025
Македонија

Дедо Мраз и суперхерои се спуштија од небото за да

22/12/2025
Македонија

САД со нова стратегија за Западен Балкан: Што значи „Актот

22/12/2025
Македонија

РЕГИОНОТ ТРЕБА ИТНО ДА СЕ ИНТЕГРИРА ВО ЕУ Албанската министерка

22/12/2025
Македонија

Здравствен парадокс: Хигиеничарка ќе зема поголема плата од медицинска сестра

22/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39313
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Целосна блокада на Евзони за влез во Грција – рампата е спуштена од 18:40 часот

22/12/2025

Важно предупредување за сите кои вечерва патуваат кон јужниот сосед. Од 18:40 часот, граничниот премин Евзони (од грчка страна, спроти

Празнична „инвазија“ на Табановце: Над 36.000 државјани на Македонија се вратија дома само за овој

22/12/2025

Почна големото празнично враќање на иселениците. Граничниот премин Табановце викендов беше под „опсада“ од возила, а официјалните бројки на Министерството

Згасна „ТВ Сонце“ – телевизијата престана да емитува програма

22/12/2025

Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy