Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА ОДЛУЧНА, ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ЛИНДАНОТ ВО „ОХИС“ Анекс на договорот со УНОПС до целосно решение на проблемот
Македонија

ВЛАДАТА ОДЛУЧНА, ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ЛИНДАНОТ ВО „ОХИС“ Анекс на договорот со УНОПС до целосно решение на проблемот

29/12/2025

AA

Денеска беше потпишано продолжување на договорот за партнерство меѓу Владата на Република Македонија и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) за ремедијација на малата депонија контаминирана со линдан лоцирана во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Со договорот повторно се потврдува заедничката посветеност на националните институции и меѓународните партнери за решавање на едно од најкомплексните еколошки жаришта во земјата.

Продолжувањето на договорот обезбедува дополнителни 12 милиони евра финансиски средства, обезбедени од Владата преку Генералниот секретаријат на Владата, и воспоставува период на имплементација од 3 години, во кој се очекува да бидат завршени сите преостанати работи на терен и целосно да се изврши ремедијацијата на малата депонија. Континуираната интервенција ќе овозможи безбедно отстранување и управување со опасниот отпад, во согласност со меѓународните еколошки и стандарди за безбедност и здравје при работа, со што значително ќе се намалат ризиците по јавното здравје и животната средина за околните заедници.

– Продолжувањето на договорот ја одразува силата на нашето партнерство и заедничката решителност конечно да се затвори ова долгогодишно еколошко прашање – изјави Игор Јанушев, генерален секретар на Владата.

Тој вели дека со комбинирање на националното лидерство и меѓународната експертиза, се создаваат услови за безбеден, темелен и одржлив процес на ремедијација.

Ремедијацијата на малата депонија на локацијата ОХИС, која се состои од 5 бетонски базени, започна во 2021 година. Досега се ископани и спалени над 1969 тони HCH отпад и 586 тони на контаминирана почва, приближно 60 отсто од планираното чистење.

Досегашните активности беа завршени со комбинирано финансирање од Владата, Европската Унија и Кралството Норвешка, што претставува значаен чекор во справувањето со наследеното загадување на оваа локација. Продолжувањето на партнерството потпишано денес се очекува да овозможи целосно завршување на работите за ремедијација на малата депонија.

Активностите за ремедијација предвидуваат ископување, пакување, привремено складирање, транспорт и отстранување на HCH отпадот и контаминираната почва и невно согорување.

– Комплексното наследено загадување не може да се реши од една институција поединечно – изјави Микела Телатин, директорка на Мултидржавната канцеларија на УНОПС за Југоисточна Европа.

Според неа, овој проект покажува како партнерството, довербата и јасно дефинираните улоги можат да донесат конкретни еколошки и здравствени придобивки за заедниците, истовремено обезбедувајќи ремедијацијата да се спроведува безбедно и одговорно.

– Продолжувањето на договорот ја потврдува континуираната посветеност на партнерите за справување со историското индустриско загадување и унапредување на одговорното управување со животната средина во Република Македонија. Воедно, се создаваат предуслови за иницирање на ремедијациски работи на поголемата депонија контаминирана со линдан на локацијата на поранешната фабрика ОХИС.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy