Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата купува луксузно јадење, ама вели дека е по пониски цени од претходните тендери
Економија

Владата купува луксузно јадење, ама вели дека е по пониски цени од претходните тендери

06/03/2025

AA

Тендерите на Службата за општи и заеднички работи се завршени или се во тек за набавка на јадење на Владата и другите поврзани институции. Некои од артиклите се луксузни и во големи количини, но од таму велат дека набавката е по поевтини цени за разлика од тие по кои што купувала претходната власт.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, ги охрабри новинарите да ги побараат договорите од претходнатта година и дговорите од оваа година од СОЗР и да направат споредба. Според неа, ќе се постави прашањето како е можно договорите сега да имаат пониски цени.

-Прометот е зголемен за 15,5 проценти од услугите. Мислам дека доволно соопштивме пред јавноста и мислам дека ваквите вести ќе ги покриеме со кажување на вистината, рече портпаролката.

Од склучените договори за јавна набавка за овошјето и зеленчукот кои ги доби фирмата „Макмонт ДООЕЛ експорт-импорт“, на менито има ананас, авокадо, 600 килограми банани, грозје, 500 килограми свежи чистени ореви, јагоди, 300 килограми круши, калинки, кајсии, лупени кикирики, свежи капини, костени, лубеница, 1.100 килограми портокали, по 10 килограми цреши и папаја, цреши и лимета. Листата со зеленчукот содржи шери домати, бамји, брокули, дајкон, аспарагус, покрај вообичаените производи како грав, пиперки, зелка, компир и ориз. 

Во тек е и огласот за набавка на риба, месо и сувомеснати производи објавен од страна на Службата за општи и заеднички работи, кој ќе финишира со договор во април.  При тоа се бара крап А класа во свежа состојба. Се бара и свежа пастрмка од А класа, калифорниска свежа пастрмка од А класа, лосос од А класа, риба бранцин и риба орада.

Во повикот се бара економските оператори да наведат цени по килограм за филети ослиќ, суво смрзнат октопод, чистени лигни, чистени школки, краби, шкампи, ракчиња, микс морски плодови, чаден лосос. Од сувомеснатите производи се бараат следните артикли: говедско пушено (транжиран јунешки бут), пилешки виршли, свински кулен, свинска пршута без коски, говедска пршута без коски, свинска печеница, чадена свинска сланина, чаден свински врат, чадени свински ребра, пилешка и свинска шунка, свинска чајна колбасица, сушена свинска кременадла и говедски суџук.

Во јавните набавки се бара оператор за доставување на свеж јунешки мускул од млади говеда стари од 18 до 24 месеци (А категорија на говеда), јунешки бифтек добиен од млади говеда 18-24 месеци старост, јунешка кртина од млади говеда 18-24 месеци старост, јунешки бут без коска свеж добиен од млади говеда 18-24 месеци старост, јунешки џигер свеж добиен од млади говеда 18-24 месеци старост, јунешко шкембе свежо добиено од млади говеда 18-24 месеци старост, јунешки ребра свежи добиени од млади говеда 18-24 месеци старост, јунешкa кременадла свежа добиена од млади говеда 18-24 месеци старост, телешки ребра свежи добиени од млади говеда 12-18 месеци старост, телешки бут свеж добиен од млади говеда 12-18 месеци старост, телешки бифтек свеж добиен од млади говеда 12-18 месеци старост, свежа свинска кременадла добиена од свињи од категорија II, свежо свинско филе од иста таква свиња, свинско каре, свински врат без коска, свински бут кртина без коска, свинска плешка без коска, свински прави ребра меснати свежи, свинска коленица, јагнешко месо, свежо прасе прва категорија, крезли и јатки од свежо јагне. Ќе има и пилешко месо и тоа цели пилиња, пилешки стекови, копани со надкопани, обескостени батаци, мисиркини копани итн.

Завршен е и тендерот за леб, кори и кадаиф. Нарачано е и млеко до 2.500 литри и кашкавал до 600 килограми. Сепак, овие бројки се ориентациони и може да не се потрошат и СОЗР не е обврзан да ги нарача, туку фирмата е должна да ги даде цените согласно одредена количина која може, а и не мора да се потроши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy