Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата купува 45 луксузни возила – „Подобро е на лизинг, трошоците се помали“, смета Битиќи
Македонија

Владата купува 45 луксузни возила – „Подобро е на лизинг, трошоците се помали“, смета Битиќи

13/03/2024

AA

Владата на лизинг бара 45 возила од висока класа. Лимузините треба да бидат нови, дизел, од минимум  2,000 сантиметри кубни моторна зафатнина, со црна или металик боја, автоматик, со минимум 7 брзини, сензори за паркирање и 6 воздушни перничиња – наведено е во огласот кој трае до 27 март.

– Понудата нема да биде прифатена ако цената е невообичаено ниска. Сепак –  ако понудувачот докаже дека користи субвенции од државата и понуди невообачаено ниска цена, понудата ќе се прифати, стои во огласот. Додека трае договорот од 3 години на користење, операторот ќе биде должен да обезбедува сервис, регистрација, зелен картон, пренос на дефектното возило.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека оперативниот лизинг на долг рок ги скратува трошоците за одржување на возилата.

-Јас од моето искуство надвор од политиката укажувам дека оперативен лизинг, или финансиски лизинг е во цел свет најупотребуваниот механизам за службените возила зашто долгорочно гледано трошоците за одржување се многу помали во тој вид. Ако отидете во која било држава на Европската унија, службените возила над 90% се преку одреден лизинг којшто го користат. Кај нас тоа се уште е страно, но мислам дека е пат на ефикасно трошење на ресурсите, вели Битиќи.

Инаку до сега Владата 4 пати изнајмува автомобили од висока класа. Ги користи 3 години, а потоа ги враќа. За таа услуга плаќа речиси иста цена колку што чини да се купи нов автомобил од истиот модел.  Експертите велат – ваквиот начин на луксузирање во никој случај не е исплатлив.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy