
Владата купи храна за 144 илјади евра
Службата за општа и заедничка работа во Владата во март склучила повеќе договори со различни фирми во вкупна вредност од над 144 илјади евра, пари за кои ќе се снабдува со сушено месо, кафе, пилешко месо, овошје и зеленчук, сите прва класа, објави Алсат.
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека храната вредна 144 илјади евра, која ќе ја набавува Владата, ќе се дели во повеќе институции, а вработените ќе ја купуваат и плаќаат. Ковачевски додава дека оваа акција не е нешто ново.
„Тоа се услуги кои ги задоволуваат потребите на вработените и се продаваат, а Службата за општа и заедничка работа тоа го направи со соодветна процедура и соодветна маржа која се пресметува, додека корисниците на услугите плаќаат“, рече Ковачевски.
Но, граѓаните велат дека ваквите постапки на Владата докажуваат дека функционерите мислат само за себе, а не за народот.

