Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата и официјално побара од Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски
Македонија

Владата и официјално побара од Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски

18/02/2025

AA

На денешната владина седница беше разгледано мислењето на Министерството за правда во врска со поведувањето постапка за разрешување на јавниот обвинител. По обемна дискусија, Владата донесе одлука да ја продолжи постапката, повикувајќи се на сериозни недостатоци во работењето на јавниот обвинител.

Во мислењето на Министерството за правда се нотирани повеќе проблеми, меѓу кои нарушениот углед на институцијата, сериозни правни пропусти, незаконски постапувања, корупција и неефикасност во работењето на Јавното обвинителство. Според Владата, ваквите состојби не се само нејзина перцепција, туку се потврдени од стручната јавност и релевантни извештаи со конкретни показатели.

„Овие дејствија предизвикаа сериозни последици врз функционирањето на Јавното обвинителство и претставуваат намерна и неоправдана професионална грешка“, се вели во соопштението на Владата.

Поради тоа, Министерството за правда е задолжено да изготви официјален предлог за разрешување на јавниот обвинител, кој Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители. Овој орган, согласно законските процедури, треба да даде свое мислење пред да биде донесена конечната одлука.

Владата истакна дека покрај правната одговорност, јавниот обвинител има и широка општествена одговорност, особено кон граѓаните, чии интереси треба да ги штити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy