Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата го затвори Фондот за иновации – потрошени над 6 милиони евра за проекти, ниту еден не е во функција
Македонија

Владата го затвори Фондот за иновации – потрошени над 6 милиони евра за проекти, ниту еден не е во функција

21/08/2025

AA

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е избришан од Централниот регистар и официјално престанува со работа во својата досегашна форма, дознава 4NEWS.mk Решението за бришење е донесено на 20 август 2025 година, врз основа на Законот за едношалтерскиот систем и Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво.

Според документите, причината за престанокот е „на друг начин пропишан со закон“, а надлежностите, програмите и активностите на Фондот ќе ги преземе новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.

Од ФИТР информираат дека институционалната промена ќе обезбеди континуитет во реализацијата на сите започнати програми и проекти, како и нови можности за поддршка на компании, стартапи, научни истражувачи и претприемачи. „Со оваа промена се гарантира непрекината поддршка на иновацискиот и претприемничкиот екосистем во државата“, наведуваат од Фондот.

Сите постојни корисници на финансиска и институционална поддршка од ФИТР ќе бидат дополнително информирани за понатамошните процедури и начинот на комуникација со новата Агенција.

Со оваа одлука се става крај на правното постоење на Фондот, кој изминативе години беше клучна институција за поттикнување на иновации и претприемништво во Северна Македонија.

Во периодот од 2018 до 2023 година преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) се кофинансирани 48 проекти во вредност од 6,11 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy