Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата го усови новиот закон за вино – Лозарите за прв пат добиваат гарантирана цена на винското грозје и ги заштитуваме геогравските вински ознаки
Македонија

Владата го усови новиот закон за вино – Лозарите за прв пат добиваат гарантирана цена на винското грозје и ги заштитуваме геогравските вински ознаки

14/11/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница, по предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати новиот закон за вино.

Како министерство имајќи предвид дека земјите членки на ЕУ се најголемиот пазар за извоз на вино од Република Северна Македонија и со цел непречено да се зголеми и олесни извозот на македонско вино и производи од вино, министерството пристапи кон донесување на нов Закон за вино, кој во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство.

Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден проблем на лозарите, а тоа е откупната цена. Па така со новиот закон за вино, за првпат, ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.

Преку новиот закон за вино, системот на заштитата на геогравските индикации на виното во целост се усогласени со европското законодавство, предвидувајќи истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака.

Вината со геогравска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитет или геогравски карактеристики, односно да бидат произведени од грозје кое потекнува исклучиво или во најголем дел од дефинираното географското подрачје и производството на вино се одвива во дефинираното географско подрачје.

Во насока на заштита на географските индикации на виното областите погодни за производство на вино во законот се делат на региони и реони, и виногорја, локалитети, месности.

Производството на вино со геогравска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со геогравска ознака. Сите заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ.

Во подготовката на новиот закон за вино министерството посветено работеше во консултација со земјоделците, винариите, научната јавност и земјоделските здруженија. Новиот закон за вино има за цел уште поголем развој на овој значаен сектор, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на винската мапа, како и поголема сигурност за лозарите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41483
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото

15/02/2026

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300 милиони евра – Јавниот долг

15/02/2026

Само неполн месец откако државата се задолжи со една милијарда евра преку издавање на еврообврзница, Владата повторно ја разгледува опцијата

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец кон Шапка

15/02/2026

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy