Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата го скрои Буџетот за 2026: Проектиран раст од 3,8%, дефицит од 3,5% и повеќе пари за плати и пензии
Македонија

Владата го скрои Буџетот за 2026: Проектиран раст од 3,8%, дефицит од 3,5% и повеќе пари за плати и пензии

29/10/2025

AA

Владата го усвои предлог-буџетот за 2026 година, со кој се предвидува економски раст од 3,8 отсто, инфлација од 2,5 отсто и буџетски дефицит од 3,5 отсто од БДП.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (околу 6,1 милијарди евра), додека вкупните расходи се поставени на 413,9 милијарди денари (околу 6,7 милијарди евра).

Според тоа, дефицитот ќе изнесува 39,2 милијарди денари (637 милиони евра), што, како што истакна министерката, е за 0,5 процентни поени помалку од дефицитот планиран за оваа година.

Она што е забележливо во предлогот е што капиталните инвестиции се планирани на пониско ниво од 2025 година. За оваа намена се предвидени 40,5 милијарди денари (околу 650 милиони евра).

Во буџетот за 2026 година, според министерката, се проектирани 7 отсто повеќе пари за исплата на плати, додека за пензии се предвидени 9,7 отсто повеќе средства во споредба со оваа година.

Димитриеска Кочоска информираше дека дефицитот во буџетот ќе се финансира во комбинација од задолжување на домашниот и на странскиот пазар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Расте домашното производство на струја, намален увозот во мај

26/07/2026
Македонија

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на

26/07/2026
Македонија

Невработеноста продолжува да опаѓа, но расте неформалната работа

26/07/2026
Македонија

Планинскиот туризам има потенцијал, но останува во сенка за време

26/07/2026
Македонија

Потресни зборови на холандски пилот кој во 1963 летал над

26/07/2026
Македонија

Просечна плата од речиси 50.000 денари – доволна ли е

26/07/2026
Македонија

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026
Македонија

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето,

25/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44662
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Расте домашното производство на струја, намален увозот во мај

26/07/2026

Македонија во мај годинава успеала речиси целосно да ги задоволи домашните потреби за електрична енергија од сопствено производство. Според најновите

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на Музејот на град Скопје токму

26/07/2026

Денеска, кога главниот град ја одбележува 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи во 5:17 часот наутро, Скопје се потсетува

Невработеноста продолжува да опаѓа, но расте неформалната работа

26/07/2026

Пазарот на трудот во Македонија покажува умерено подобрување во првото тримесечје од годинава, со намалување на бројот на невработени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy