Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата формира Национален совет за дигитална трансформација и сајбер безбедност
Македонија

Владата формира Национален совет за дигитална трансформација и сајбер безбедност

09/05/2025

AA

На предлог на премиерот Христијан Мицкоски, Владата донесе одлука за формирање на Национален совет за дигитална трансформација и сајбер безбедност.

Советот, кој ќе има клучна улога во координирањето и имплементацијата на политики поврзани со дигитализацијата и заштитата од сајбер закани, е воспоставен на владината седница одржана на 6 мај 2025 година.

Советот ќе биде предводен од премиерот како претседател, а негов заменик ќе биде вицепремиерот и министер за транспорт. Во него членуваат и високи владини претставници, директори на релевантни агенции, академски експерти и претставници од деловниот сектор и невладините организации. Секретарот на Советот ќе биде назначен од Генералниот секретаријат на Владата.

Телото ќе има задача да предложува стратегии, планови и законски измени за дигитална трансформација, да следи и анализира состојбата со дигитализацијата во институциите и приватниот сектор, како и да предлага мерки за поддршка на дигиталното вклучување, електронската трговија, дигиталните услуги и усвојување на нови технологии.

Посебен акцент се става и на сајбер безбедноста. Советот ќе го надгледува спроведувањето на Стратегијата за сајбер безбедност, ќе предлага мерки при сајбер кризи и ќе соработува со Советот за безбедност.

Со оваа одлука се укинуваат постоечките совети за дигитална трансформација, сајбер безбедност и ИКТ форумот, а новиот Совет ќе ги обедини сите овие функции во една институционална рамка.

Советот ќе се состанува најмалку два пати годишно, а ќе поднесува и годишен извештај до Владата, најдоцна до 31 јануари за претходната година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy