
Убиениот во Штип е 25-годишен странски државјанин – донесен во болница без знаци на живот и со неколку прострелни рани!
Убиениот од престрелката вчера во Штип е 25-годишен странски државјанин со иницијали Е.О.
Тој бил убиен во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип.
Како што велат од Клиничка болница-Штип, бил донесен без знаци на живот и со неколку прострелни рани.
Лекарите пробувале да го реанимираат, но обидите биле несупешни.
„Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видео надзор“, се вели во соопштението на ОЈО-Штип.
Според информациите, се работи за турски државјани.