
Владата ќе го донесе договорот со Бехтел и Енка до Собранието, ќе го видат само пратеници со безбедносен сертификат, рече Џафери
„Од Владата добив известување дека ќе го донесат договорот со Бехтел и Енка на увид на пратениците кои имаат безбедносен сертификат. Наскоро ќе утврдиме на која Комисија ќе биде разгледуван, но таа седница ќе биде затворена за јавност“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите, пишува ТВ21.
Запрашан дали и тој ќе учествува на таа седница, кажа: „Ниту имам потреба да учествувам, ниту сакам, ниту имам надлежност“.
Во врска со Законите кои се потребни да се донесат за договорот со Бехтел и Енка, рече дека додека не ја поминат Комисиската расправа, нема надлежност да коментира.
За најавата на претседателот на Комисијата за труд и социјала Елми Азири каде треба да се направат измени од 40 на 60 часовна работна неделе, кој најави дека ќе биде повлечен предлог-законот за измени, Џафери кажа дека досега не добил известување дека ќе биде повлечен.
