
ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: До кога ќе важат замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот?
Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат и во декември.
Oва е одлука од 199-та владина седница. Владата донесе ваква мерка со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
На денешната седница, Владата даде поддршка да продолжи реализацијата на воведувањето „Брз автобуски превоз во град Скопје“; Утврден е текст на нов Предлог закон за вино: лозарите добиваат гарантирана цена на винското грозје и можност за зголемен извоз на македонското вино на пазарот на ЕУ; Одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк“; Одлука за редуцирано работно време за време на Самитот на ОБСЕ во Скопје.

