
Владата донесе одлука: Ако сте на црна листа од САД или Британија истрага ќе отворат и нашите институции
Владата донесе одлука, па според неа ако сте на црна листа од САД или Британија истрага ќе отворат и нашите институции.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил посочи дека Владата ги одобри измените на законот за рестриктивни мерки.
Според него, со овие измени американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.
Инаку, на црната листа на САД се градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, бизнисмените Орце Камчев и Кочо Анѓушев, како и екс премиерот Никола Груевски.