Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА БАРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА, Бислимоски има право на уште еден мандат – еве ги условите
Економија

ВЛАДАТА БАРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА, Бислимоски има право на уште еден мандат – еве ги условите

27/03/2023

AA

Владата објави
оглас со кој бара
претседател и три члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
и услуги на управување со комунален отпад на Македонија
.

Како што е истакнато, на предлог на Владата, Собранието ќе именува претседател и три
члена на Регулаторната комисија имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност
на припадниците на сите заедници
.

– Еден член на Регулаторната комисија е стручно лице за правни
прашања од областа на енергетиката, еден член е стручно лице за економски
прашања од областа на енергетиката и/или водните услуги, еден член за технички
прашања од областа на водните услуги и останатите членови се стручни лица за
технички прашања од областа на енергетиката
–
се наведува во огласот
.

Мандатот на секој член и на претседателот на РКЕ
изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од
два последователни мандати.

– Функцијата член на Регулаторната комисија се врши професионално
и е неспојлива со извршување друга функција, функција во политичка партија или работно
место. Ако членот на комисијата пред  именувањето бил во работен однос,
работниот однос му мирува. Претседателот ја претставува и застапува РКЕ
во земјата и во странство и има други права, обврски и овластувања утврдени со
статутот – се наведува во објавата на Владата.

Посочено е дека за претседател и
член на комисијата може да биде именуван државјанин на Македонија кој има
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа
на електротехника, машинство, технолошки науки, градежништво, економија или
право.

Кандидатите треба да имаат во последните 15
години пред именувањето најмалку десет години работно искуство во
енергетиката, односно во обезбедувањето водни услуги.
Одредбите утврдуваат дека идните членови или идниот претседател најмалку две години
пред именувањето не смеат да бидат член на орган на
управување или орган на надзор на друштво кое врши енергетска дејност, односно
дејност поврзана со водни услуги.
Тие исто така не смеат да имаат правосилна судска
пресуда, односно казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија,
дејност или должност. 

Како што е истакнато во огласот, кандидатите
задолжително треба да достават кратка биографија, уверение
за државјанство и диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку
240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на електротехника,
машинство, технолошки науки, градежништво, економија или право. Исто така треба да се достави и доказ дека  во последните 15 години пред именувањето да има
најмалку десет години работно искуство во енергетиката, односно во
обезбедувањето на водни услуги, како и доказ дека две години не бил
член на орган на управување или орган на надзор на друштво кое врши енергетска
дејност, односно дејност поврзана со водни услуги идоказ
дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на
професија, дејност или должност. 

– Нето платата на претседателот и членовите на Регулаторната
комисија за енергетика не може да биде повисока од збирот на пет просечни
месечни нето плати исплатени во Македонија во претходната година
, според
податоците објавени од Државниот завод за статистика – се наведува во огласот.

Со оглед дека во текот на 2022 година
просечната нето плата достигна 31.859 денари, ова значи дека платата на идниот
претседател на РКЕ не смее да надминува 159 илјади денари.

Од она што го дознаваме, мандатот на
претседателот на РКЕ, како и на членовите им истекнува на 26 јуни
и согласно
законските одредби 90 дена пред истекот на нивниот мандат се објавува оглас за
идните носители на функциите.

Изиминативе пет години претседател на РКЕ е
Марко Бислимоски, и дали тој ќе конкурира на овој оглас, со оглед дека има право
да се пријави согласно законските одредби, допрва ќе дознаеме.

Огласот за пријавување на заинтересираните кандидати трае до осми април.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026
Македонија

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за

09/06/2026
Македонија

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно

09/06/2026
Македонија

Си ја пријавил дека ги оставала децата да спијат во

09/06/2026
Македонија

Николовски: Власта ветуваше поништување на Преспанскиот договор, а денес немаат

09/06/2026
Македонија

Богојески: Македонија е во банкарско ропство на монополи, решението е

09/06/2026
Македонија

НИКОЛОВСКИ ПРЕД ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Земјоделството е во колапс, соработниците на Трипуновски

09/06/2026
Македонија

ЈАКИМОВСКИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА ЗАТВОР: Ова е политичка одлука за

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43678
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026

Скопските пожарникари ќе добијат нов, современ објект. Со усвоениот ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје

ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ НА ПРОТЕСТ: Германски институции ги гонат газдите за долг од 13 милиони денари,

09/06/2026

Над 100 текстилни работнички и работници од конфекциите „Фермактекс“ и „Европа Фешн“ попладнево излегоа на масовен протест во Штип, револтирани

Богојески: Тргувам со биткоини на светски берзи, македонската е намерно угушена, затворена и строго контролирана

09/06/2026

Лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, во своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ја отвори темата за либерализација

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy