Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата ја усвои новата Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството
Македонија

Владата ја усвои новата Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството

16/05/2023

AA

На вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството. Буџетските средства за оваа програма во висина од 317.000.000 денари се предвидени во буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во Потпрограма 21 – Интервентен фонд за земјоделството.

Средствата од оваа програма се наменети за интервентни мерки за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последици предизвикани од зголемувањето на производните трошоци, за производство на земјоделски култури во растителното и сточарското производство.

По теренските активности на Министерството, прва мерка која што ќе се реализира и е од витално значење за оддржување на земјоделството и намалување на загубите е мерката за трошоци за расадени површини со зимска зелка на отворено или за расадена зимска зелка на отворено и продадено до 15 април 2023 година со најмалку 5.000 килограми по хектар.

Земјоделските стопанства кои имаат производство на зимска зелка, ќе се поддржат со 61.000 денари по хектар за секој земјоделец кој ќе ги исполни условите. За таа цел, секој носител на земјоделско стопанство треба да достави барање до 31 мај, за потврдување на податоци за површина за расадена зимска зелка или откупни белешки за предадена зелка кај регистриран откупувач согласно Закон за земјоделство и рурален развој.  Потоа, заклучно со 20 јуни ќе можатда аплицираат за оваа мерка во подрачните единици на министерството.

Планирана е и поддршка за производителите на оранжериско производство, која дополнително ќе се креира во следниов период..

Програмата предвидува во текот на годината да се креираат мерки за финансиска поддршка и во сточарското производство, во оној дел кадешто ќе биде потребна интервенција за да се намалат загубите од работењето на земјоделските стопанства.

Со оваа програма обезбедуваме сигурност кај земјоделците, дека во услови на било каква несакана ситуација, предизвикана од надворешни фактори и како последица на војната во Украина, во буџетот ќе има средства за поддршка и намалување на загубите на земјоделските стопанства. Ова го потврдивме минатата година кога за прв пат и единствени во регионот креиравме Интервентен фонд, со што значително го заштитивме домашното производство. Но, не само тоа, туку успеавме и да го зголемиме домашното производство на пченица, сончоглед и јачмен, што е голем успех особено ако се знае дека ваков резултат сме оствариле во услови на криза, нарушен пазар на репроматеријали, високи цени на вештачките ѓубрива и недостиг на прехранбени производи на пазарот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy