Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влада: Со измените во законските решенија се обезбедува сигурност и предвидливост за пациентите кои боледуваат од цистична фиброза
Македонија

Влада: Со измените во законските решенија се обезбедува сигурност и предвидливост за пациентите кои боледуваат од цистична фиброза

16/02/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека денеска се одржа работен состанок на посебното тело на кој присуствуваа стручните советници на премиерот, претставници на ФЗОРСМ, Клиниката за детски болести, Министерството за здравство, од фармацевтската индустрија како и од Асоцијацијата за цистична фиброза.

На состанокот во инклузивен и транспарентен процес, сите членови го дадоа своето видување и придонес во однос на предлог измените на потребните законски решенија со кои се регулира и овозможува системско планирање и системско решение за болните од цистична фиброза. Процесот е префинална фаза, а се очекува работната група во текот на утрешниот ден да дефинира финални предлог законски одредби со кои државата ќе биде во можност преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија и на тој начин да ги обезбеди пациентите кои боледуваат од цистична фиброза со лекот „Трикафта“.


Воедно на состанокот, заедно со Асоцијацијата за цистична фиброза беше дискутирана и тригодишната Програма за пациенти со цистична фиброза со која ќе се обезбеди буџетска предвидливост и соодветно планирање на набавките, со што се обезбедува сигурност за пациентите во иднина. Разговараното решение е по европски стандарди определени за овој тип на лекови и третман на болеста.

Дискусијата за измените на законските решенија се одвиваат паралелно со набавката на лекот за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, за чија намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра. Во соработка со сите релевантни институции во најкус рок беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот „Трикафта“, а испораката на лекот за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy