
Вклучен метео аларм за Македонија, доаѓа невреме со грмотевици и врнежи од дожд и снег
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец.
Под влијание на циклонска активност утре попладне и во вторник ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат обилни ( од 20 до 40 л/м2) со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер ( над 70 км/час). Во вторник врнежите на планините ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Дневната температура во вторник ќе биде во опаѓање. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер.
