
„Виз Ер“ прогласи итност на летот од Скопје за Париз, авионот слетна во Луксембург
Летот на „Виз Ер“ од Скопје за Париз утрово заврши со слетување во Белгија. Екипажот прогласил вонредна состојба додека авионот летал над Луксембург, по што итно го променил курсот и безбедно слетал во Брисел.
Инцидентот се случил на летот W64719, кој полетал од Скопје кон аеродромот Бове во Париз.
Според податоците од следењето на летот, проблемите настанале два часа по полетувањето.
Наместо да го продолжи патувањето кон Париз, екипажот веднаш го пренасочил леталото кон аеродромот Шарлроа во Брисел (CRL).
Причината за прогласената итност засега не е позната, а се чекаат повеќе детали за природата на техничкиот или медицинскиот проблем што го предизвикал пренасочувањето.

