
ВИСТИНСКИ ХЕРОИ: Кочанските пожарникари спасија заглавено куче од каналско корито!
Вистински херои – спасители се пожарникарите од Територијаната противпожарна единица – Кочани кои освен интервенции за гасење на пожари и спасување на човечки животи, неретко интервенираат и во спасување на заглавени домашни и напуштени миленици, јавува Гласно.мк
Таков беше и денешниот случај кога добиле повик за заглавено двомесечно куче во коритото на затворениот дел од каналот над улицата „Солунска“ во Кочани.
Дежурната екипа се упатила на местото каде заглавеното куче било спасено на начин што пожарникарите морале да се симнат во коритото и да го извадат од под затворениот дел на каналот.
Фото: А. Арсов
