Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вистинска предновогодишна атмосфера во Diamond Mall, со програма наменета за сите возрасти
Македонија

Вистинска предновогодишна атмосфера во Diamond Mall, со програма наменета за сите возрасти

15/12/2023

AA

Во пресрет на новата година, Diamond Mall подготви богата програма која со својата содржина ќе ги освои посетителите од сите возрасти. Оваа новогодишна програма ќе се реализира за време на деновите од следните три викенди и ќе содржи најразличен вид настани, бројни музички концерти и забавни активности, кои треба да придонесат за креирање на вистинска предновогодишна атмосфера во главниот град.

Програмата започнува оваа сабота, на 16 декември, со неколку активности за најмладите кои ќе се случуваат во „Зоната на соништата“ (Dream zone). Таму децата ќе имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да добијат подароци, да бидат дел од едукативна тура и да учествуваат во караоке забава со пињата. Вечерните часови се резервирани за концертот на музичката ѕвезда Лозано, кој од 21 до 22 часот ќе ги испее своите најголеми хитови.

Веќе следниот ден, во недела 17 декември, најмладите ќе имаат можност да се радуваат на изведбата на нивните омилени песни од фестивалот „Поточиња“, по што ќе следува двочасовно шоу со маскоти, додека во „Зоната на соништата“ повторно ќе се организира Среќно тркало со подароци и караоке забава со пињата. Во попладневните часови, со почеток во 18.00 часот, квартетот „Авис“ ќе одржи празничен концерт.

Новогодишната програма продолжува и следниот викенд. Во саботата, на 23 декември посетителите во „Зоната на соништата“ ќе ги забавува магионичар, а ѕвездите на „Teen Camp“ ќе се дружат и ќе пеат со своите обожаватели. Во неделата, на 24 декември напладне предвиден е концерт на „Златно славејче“, а од 13 часот и концерт со најдоброто од групата „ДНК“, по што следува и магионичарско шоу во популарната „Зона на соништата“.

Новогодишната програма ќе заврши на 30 декември, со новогодишна музичка претстава на „Дајте музика“ што ќе почне на пладне, како и вечерен концерт на популарното дуо Пајак и Лара, кое ја одбележа годината што изминува.

Деталниот распоред на активностите во рамки на новогодишната програма на Diamond Mall може да се види тука.

Настаните што се дел од оваа програма совршено се надополнуваат на целокупната понуда и амбиент на Diamond Mall и истовремено придонесуваат за создавање на вистинска магија, карактеристична за овој период на годината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy