Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Високо одликување од Италија за Светозар Јаневски на Денот на лозарите и винарите Св. Трифун
Македонија

Високо одликување од Италија за Светозар Јаневски на Денот на лозарите и винарите Св. Трифун

14/02/2025

AA

Во рамки на годинешното одбележување на Свети Трифун – празникот на лозарите и
винарите, амбасадорот на Италија, неговата екселенција Паоло Палминтери, му го
додели на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски орденот „Витез на редот на ѕвездата на Италија“. Ова значајно одликување,
востановено во 2011 година, им се доделува на заслужни личности од светот кои со
своето залагање и делување дале особен придонес во развојот и промовирањето на
односите на пријателство, културна и економска соработка меѓу нивните земји и
Италија.

„Соработката со господинот Светозар Јаневски е многу важна за Италија и за
Амбасадата, не само поради неговата постојана поддршка на нашите културни
настани, туку и затоа што со години господин Јаневски има клучна улога во развојот на економската соработка меѓу Италија и Северна Македонија, особено во винскиот
сектор“, истакна амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

Заблагодарувајќи се на укажаната чест со добивањето на ова исклучително
одликување, претседателот на УО на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски изјави: „Би сакал да ја споделам заслугата за добивањето на овој орден со оние што постојано се со мене и ми даваат огромна поддршка во сѐ што работам, а тоа е моето семејство,
моите соработници и сите вработени во ,Тиквеш’. Ова одликување е верификација на
сите наши досегашни напори за развој на домашната винска индустрија, за што
огромно влијание има соработката и поддршката што ја добиваме од Италија, во
форма на технологија, современа опрема, напредно знаење и експертиза од областа
на лозарството и винската индустрија, за што оваа земја е една од водечките во светот.

Значаен дел од оваа соработката беше и двегодишниот проект ‘Alimentare, Ambiente,
Agricultura’ што го реализираа М6 Едукативен Центар и Амбасадата на Италија и што
постигна значителни резултати на кои сум особено горд“, истакна Јаневски и додаде:

„Нека ова одликување биде дополнителен поттик и пример за останатите во
изнаоѓање начини како уште повеќе да ги приближиме нашите две земји и пријателски народи и да изнајдеме нови можности за соработка во економијата и останатите општествени области“.

Инаку, винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и
винарите, Свети Трифун, во знакот на исклучителен јубилеј – 140 години од своето
постоење. На свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово, во присуство на
претставници на дипломатскиот кор институциите, лозари и соработници, беше
нагласено дека „Тиквеш“ не само што останува посветен на традицијата, туку и е
пионер во воведувањето на современите стандарди и имплементацијата на напредни,
одржливи практики кои треба да ја трансформираат домашната винска индустрија и да
помогнат во нејзината подобра промоција на глобално ниво.

Покрај посветеноста на одржливото производство, „Тиквеш“ ја зајакнува и соработката
со лозарите, со значително зголемување на бројот на кооперанти со кои винарницата
заеднички ги воспоставува напредните стандарди за производство на грозје. Преку
заедничка работа и примена на агротехнички мерки, компанијата активно придонесува
за унапредување на квалитетот на грозјето, што се рефлектира во производството на
вина со врвен квалитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy