
ВИСОКИ ПЛАТИ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: Ова се државите со најмногу поволности
Швајцарија нуди најдобри плати за медицински сестри, oдносно 102.000 евра годишно.
Според податоците на Нурс.орг, Швајцарија е најдобра земја за медицински сестри. И покрај значителниот недостиг на медицински сестри, услов за вработување во оваа земја е познавање на еден од трите национални јазици (италијански, француски или германски), без исклучоци. Процесот на аплицирање може да потрае неколку месеци.
Што се однесува до други земји, Луксембург нуди плата од околу 95.000 евра, но поради специфичните закони и мала големина на земјата, вработувањето на медицински сестри е предизвик. Данска, иако со пониска плата од 85.000 евра, има свои ограничувања за постарите работници, па на пример, медицински сестри над 75 години не можат да работат.
Девствените острови нудат годишна плата од околу 81.000 евра. Австралија и Норвешка исто така се меѓу атрактивните дестинации, нудејќи плати од околу 74.000 евра и 70,5 илјади евра годишно, со високи стандарди на живот и поволни работни услови.
foto freepik.com/prostooleh
