
Високата концентрација на хлор во водата во САД и ЕУ го зголемува ризикот од рак
Степенот на хлорирање на водата за пиење вообичаен во САД и во Европската унија би можел да го зголеми ризикот од неколку видови на рак, покажуваат резултатите од новите анализи и истражувања спроведени ширум светот.
Процесот на дезинфекција на водата со хлор создава трихалометан (THM), нуспроизвод кој се наоѓа во речиси сите јавни системи за вода за пиење низ САД и ЕУ, пишува лондонски Гардијан.
Според проценките на истражувачите, речиси 300 милиони луѓе само во САД користат вода со загрижувачко ниво на оваа штетна супстанција во водата.