
Виртус Болоња без мака го освои Берлин
Виртус ја создаде недостижната разлика уште во првата четвртина која ја доби со 26-9, а до полувреме водството се зголеми на 48-27.
Алба почна да се буди во второто полувреме, но не можеше да го внесе мечот во неизвесна завршница затоа што Виртус успешно ја чуваше предноста.
Виртус се наоѓа на втората позиција во Евролигата со 14 победи и пет порази, Алба Берлин е последна со три триумфи и 16 порази.