
„Вината за смртта на тоа дете ја носи системот, долгогодишното толерирање на одредени поединци и структури“, смета Уранија Пировска
Неказнивоста како карактеристика генерално гледано доведува да ни се случуваат тешки кривични дела во земјата и истата е дел од сите извештаи за човековите права. Тоа што се случи деновиве и тоа што извршител на едно вакво крволочно дело е лик многу познат во јавноста сторител на многу кривични дела, но ниту еден ден нема одлежано во затвор говори за системот кој го овозможува тоа. Систем во кој животот го изгуби едно дете. Ова го изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Таа додава дека неговата инволвираност и тесна поврзаност со речиси сите политички структури во овие 30тина година од независноста на републиката веројатно има влијание да тој пројде неказнет низ сите ситуации во кои според сите правила на нештата да одговара и санкциониран и да одлежи казна затвор.
„Не знам дали оваа лекција конечно нашите власти ќе ја научат и ќе размислат што треба да се стори по однос на тоа прашање меѓутоа дека ние сме систем кој создава сегашни и идни кривични дела тоа тоа е неспорен факт. Вината за смртта на тоа дете ја носи системот, долгогодишното толерирање на одредени поединци и структури“, додаде Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
