Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан
Економија

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

26/11/2024

AA

Вранец Тероар 2020 Гранд Резерва, од
Винарија Камник, доби трофеј за Најдобро автохтоно црвено вино, а
PureElegance 2023 е добитник на трофеј за Најдобро розе винона саемот Винска визија на Отворен Балкан.
Покрај трофејните признанија, на овој натпревар Винарија Камник се здоби и со
дополнителни два платинум, четири златни медали и десет други медали. Со овие награди, Винарија Камник доби уште една
меѓународна валоризација за создавање премиум вина.

Во склоп на саемот што се одржа изминатиот
викенд во Белград, беа оценувани над илјада вина од меѓународно реномирани
вински судии, вклучувајќи седум MastersofWine, под претседателство на
Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.

„Во овие 20 години
постоење, вештината и знаењето во создавањето софистицираност и елеганција
изразени во сегментот на премиум вина, Винарија Камник ги издигна до највисоко
ниво и потврда за тоа се бројните награди и освоени трофеи. Токму овие
признанија ја даваат дополнителната вредност на нашите вина, кои што се почесто
се дел од винските листи на бројни ресторани во регионот, Европа и пошироко на
странските пазари, и на тој начин го промовираат и македонското виногорје и квалитетните вина што ги имаме. За успехот создаван 20 години
најзаслужен е целиот тим на Винарија Камник кој безрезервно е посветен на
развојот на врвни вина“, велат од Винарија Камник.

Винаријата Камник
е еден од најуспешните македонски производители на вино и оваа година одбележа
20 години јубилеј, посветени на уметноста на создавање исклучителни вина. Во
овој период Винарија Камник го изгради реномето и лидерската позиција во
производство на висококвалитетни премиум вина со повеќе од 25 различни етикети од
сортите Syrah, Merlot, CabernetSauvignon, CabernetFranc, Carmenere,
Montepulciano, Sangiovese, PinotNoir, Vranec, PinotGrigio, Chardonnay,
SauvignonBlanc, MuscatPetitGrain, MoscatoGiallo, Viognier, Greco di Tufo.

Во производството
на своите вина, Винарија Камник применува иновативни енолошки процеси, во комбинација со традиционални техники. Приоритетно во создавање на вината на Камник е зачувување на
автентичноста и уникатноста на македонскиот тероар. Со внимателното следење на
процесот на зреење во буриња од француски и американски даб, Винарија Камник
создава вина кои содржат единствени зачински ноти и елегантни, софистицирани
вкусови.

Со значителните инвестиции во
модернизирање на производствената технологија и во капацитетот, Винарија Камник
достигна до годишно производство од 300 000 литри вино, и преработува повеќе од
500 тони грозје кои созреваат во 500 дабови бурињаи дополнителни дабови танкови
од поголем капацитет. Винаријата располага со 40 хектари сопствени лозови
насади, дел
од кои се и 22
хектари на единствена локација, на 550 метри надморска височина, на
микролокацијата Војница, каде што созрева исклучително ароматично и богато концентрирано грозје.Винаријата Камник изминатите години успеа да
воспостави извозни релации со регионот, Европа, САД, Кореа, Бразил. 

ПР објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44943
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал на медицински персонал во Карпош

10/08/2026

Вработен во Итната медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицински персонал во здравствена установа

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026

Конечно се намалуваат цените на горивата – РКЕ објави дека цените на бензините се намалуваат по 4 денари а дизелот

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy