
Вилма Русковска разрешена од јавен обвинител!
Суспендираната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Рускоска е разрешена од позицијата јавен обвинител.
Ваква одлука донесе Советот на јавни обвинители кои едногласно го усвоија предлогот на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката, откако против неа и уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција пред речиси една и пол година.
„Едногласно е усвоен предлогот на Комисијата за разрешување на Вилма Русковска од функцијата јавен обвинител“,констатираше претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска.