
Вилма Русковска: Имав притисоци да запре истрагата за Драги Рашковски
Екс шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вечерва во интервју за „360 степени“, по прашање за тоа дали имала притисоци да ја запре истрагата за поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски, одговори потврдно.
„Па, да“, рече Рускоска.
Сепак таа не сакаше да открие точно од кого имала притисок.
„Не би сакала да навлегувам. Веќе имам две тужби за клевета. Не сакам уште една да имам. Рочиштето по тужбата од Арафат Муареми е закажано за 22 декември. За другата сè уште немам информација“, рече Русковска.
