
Вилјареал го декласира Леганес и е на чекор до пласман во ЛШ
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, откако „жолтата подморница“ преку Перез постигна голови во 23. и 31. минута, по што Пепе во завршницата од првиот дел стрелаше за убедливи 3-0.
Вилјареал со оваа победа стигна до 64 бодови и се наоѓа на петтата позиција, а зад нив е Бетис со 58 поени и ќе има тешка задача да го одржи ритамот за место во елитното натпреварување.
Алавес, исто така, вечерва славеше со 1-0 против Валенсија со што избега подалеку од зоната за испаѓање и е блиску до опстанок во Ла Лига.
Фото: EPA PHOTO