Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИКТОР МИЗО ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТРЕБНИ СЕ НОВА СТРАТЕГИЈА И НОВ ПРИСТАП ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ЗЕМЈАВА“
Економија

ВИКТОР МИЗО ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТРЕБНИ СЕ НОВА СТРАТЕГИЈА И НОВ ПРИСТАП ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ЗЕМЈАВА“

06/02/2025

AA

Во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески гостин е м-р Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид, како и претседател на Советот за странски инвеститори и на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, тела  при Стопанската комора, кој зборува за новиот пристап кој е потребен денес за привлекување странски инвеститори во нашата земја. Истовремено зборува и за функционирањето на Советот за странски инвеститори, кој беше формиран во 2006 година на иницијатива на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за да ги претставува странските инвеститори во Македонија, за да ја промовира и да ја подобри инвестициската клима и за да го зголеми економскиот развој на земјава преку отворен дијалог со владините институции и со другите деловни чинители и преку предлози, најдобри практики и активно иницирање реформи и подобрувања.

Според генералниот менаџер на „Костал Македонија“, германска компанија запроизводство на делови и на компоненти за автомобилската индустрија, не е потребно само креирање нова стратегија, туку и генерирање нов пристап на размислување за тоа што треба и како треба да се направи за да се привлечат нови странски инвеститори во нашата земја, бидејќи ние сме мала држава, која денес има многу ограничени ресурси.

„Пред 15 години компаниите не беа толку ограничени, иако бевме мала држава; невработеноста е на многу различно ниво отколку што беше тогаш; луѓето се иселуваат, така што апсорпциската моќ за привлекување трудоинтензивни компании веќе не постои и треба да се направи детално мапирање од кои сектори, од кои индустрии и каков вид на компании сакаме да привлечеме.Големата концентрација на автомобилската индустрија не е добра за државата бидејќи автомобилската индустрија од 2019 година е во криза, која ќе продолжи и натаму. Затоа мора да се размислува за тоа како компаниите кои се веќе присутни кај нас да направат промена во своите активности и наместо трудоинтензивни да станат капитално интензивни компании со зголемена додадена вредност и да успеваат со истите ресурси и со помал број луѓе, но со развиена технологија, автоматизација, роботика и дигитализација, што не е лесен процес“, изјави Виктор Мизо.

Во подкастот изнесува податоци за својот личен и професионален живот. Дипломирал и магистрирал на Машинскиот факултет на Институтот за технологија во Рочестер, САД, додека втората магистратура за бизнис и администрација ја стекнал на Бизнис школата на Универзитетот „Харвард“ во Бостон, САД. За Универзитетот „Харвард“ вели дека во него е пресликан американскиот капитализам, каде што практично се учи преку студии на случај од бизнисот.

Професионалната кариера ја започнал како дизајн-инженер на системи на возила со 4 тркала во компанијата „Магна“ во Сиракјуз, САД. Подоцна професионалната кариера и професионалниот развој ги продолжил во компаниите „Џенерал електрик“ во Ири, САД, „Мекензи“, „Трастхеџ“ (Trusthedj) и „Ам онли“. По враќањето во Македонија, каде што решил да го пренесе своето знаење и искуство од САД, работи како генерален директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Скопје, а подоцна и како генерален директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

Запрашан за градот Охрид од каде што е родум, Мизо изјави дека мора да се работи на промоција на убавините, културата и на историјата на градот Охрид, како и на едукација на луѓето за подигнување на квалитетот на услугите и за подобрување на капацитетите и на инфраструктурата, но не за масовен, туку за елитен туризам за софистицирани гости.

Целиот разговор на линкот.

https://youtu.be/RKOL7b-9s_0?si=7KTo5A4jEys9pXaI

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy