
Викендов трето издание на „Вардар куп“: Ептен силни ривали за црвено-црните таленти!
Станува збор за собир на таленти до 16 годишна возраст од Македонија, Србија, Бугарија и од Холандија, меѓу кои дефинитивно најзвучно име е Црвена звезда. Од Србија доаѓа и Чукарички, Национал е бугарскиот претставник, холандската фудбалска школа ќе биде застапена преку Екселзиор додека покрај црвено-црните ќе играат и кадетите на Работнички. Шесте тима ќе бидат поделени во две групи, по што ќе се играат полуфинални средби и секако големото финале.
Организаторот предвиден по два меча претпладне и попладне, а утрешната програма ќе биде затворена со егзибицискиот дуел помеѓу легендите на Вардар и на Тетекс.