
Викендов прв снег низ градовите, недела и понеделник студ и мраз, а од вторник нов снежен бран!
Во Македонија во петок посвежо утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од 0 до 8 степени, во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и дневни температури од 6 до 14 степени, прогнозираат од weather4all za 4news.mk
Во сабота умерено облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и постудено време. Локално се очекуваат и до 20 литри. Над 800 метри со врнежи од дожд. Во доцните попладневни и во вечерните часови снежната граница ќе се спушти и на 400 метри надморска висина и врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Минималната температура од -5 до 3 степени, додека пак дневната ќе достигне од 1 до 10 степени.
Во текот на ноќта сабота кон недела врнежите од дожд и снег ќе престануваат и снежната граница ќе се спушти и на 100 метри надморска висина.
Во недела во утринските часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и студено време со пад на температурите.
Минималните температури од -10 до -2 степени, додека пак максималните дневни температури од -3 до -6 степени. Во Македонија во понеделник ледено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -13 до -5 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време. Максималните дневни температури од -6 до 3 степени, додаваат од weather4all za 4news.mk.
Во Скопје во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
Минималната температура од 6 степени, додека пак дневната ќе достигне до 12 степени. Во сабота облачно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и студено време, на Водно со врнежи од снег. Минималната температура од 1 степен, додека пак дневната ќе достигне до 8 степени. Во недела во утринските часови врнежите ќе престанат и во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и температура до 4 степени.
Во понеделник студено утро со температура од -7 степени. Во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и максимални 1 степени.
Од вторник се очекува нов снежен бран, велат од weather4all za 4news.mk.