
(ВИДЕО) ЗУРЛИ И ТАПАНИ: Пуштен е во употреба големиот тунел кој ќе овозможи од Дебар до Тирана да се стигне за еден час
Со зурли и тапани беше пуштен големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“. Oд Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час.
Премиерот Еди Рама им вети на жителите дека на овој автопат нема да се наплатува патарина.
„Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, додека јас сум премиер. Овој пат е финансиран со албански средства. На сите патишта може да се наплатува патарина, но не и „Патот на Арбр“, изјави Рама.
Должината е 3,78 километри.