
(ВИДЕО) Жители на грчко село се спасени со трактор
Во Сотири во близина на Лариса во Грција 80 луѓе се спасени со трактор откако поминаа 24 часа без вода и храна.
Ги спаси приватно лице кое со трактор на количка ги превезело во блиското село. Најголем дел од нив се стари луѓе и деца, пренесува Prototema.gr. Дел од луѓето заминале со чамци, а другите се евакуирани со трактор. Грција се соочува со страотни поплави. Непогоди има и во Бугарија и Турција.
