
ВИДЕО: Жестоки расправии на Деве Баир – полицијата вели има проблем со системот, бугарски државјани со викање бараат да влезат во земјата
Виктор Стојанов од Фондација Македонија на својот Фејсбук профил се вклучи во живо, а според видеото се гледа како нколку бугарски државјани се обидуваат да влезат на граничниот премин Деве Баир и упатуваат навреди и закани кон македонската граничната полиција.
Имено, македонските полициски службеници им порачуваат дека треба да се вратат во своите возила и да почекаат, затоа што е паднат системот, а на нивното барање бугарските државјани одговорија со викање и порачаа дека има потреба од викање затоа што тие се бугарски државјани и европеиски граѓани.
Станува збор за група е од околу 50 луѓе кои тргнале да го чествуваат раѓањето на Гоце Делчев на гробот во Скопје.