
ВИДЕО Згрижен е коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот
По апелот за помош од Здружението Paws-2021 / Шепи-2021 згрижен е коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот.
Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа.
Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат.
Благодарение на градоначалникот Митко Јанчев и служби од Општина Кавадарци, од Ј.П. Паркинг Кавадарци , и пожарникари од Teritorijalna Protiv Pozarna Edinica-Kavadarci , тој беше безбедно пренесен и превземен од страна на С.О.У Орде Чопела во Прилеп.
Благодарност до директорката Тереза Златеска и професор доктор Zlatko Dimeski , како и до доктор Благица Трајаноска од ветеринарната клиника PetLand Prilep за несебичната помош.
ФБ статус на Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци
